Владимир Николов
е роден во Скопје, 1979 година. Со музика започнал на 14-годишна возраст, како гитарист. По кратки подготовки запишал студии по класична гитара кај Вера Огризовиќ и Пабло Барон, дипломирајќи со оригинална композиција
Во меѓувреме започнал со композиција и аранжирање, длабоко инспириран од приватните часови и менторството на Илија Пејовски
По заминувањето за Холандија есента 2002-ра, започнал студии по џез композиција и аранжирање со Јуре Хаанстра, на Амстердамскиот Конзерваториум
Дипломските и пост-дипломските студии ги завршил во рок од 7 семестри
Како композитор/аранжер и водач на групи, соработувал со врвни имиња, оркестри и ансамбли, меѓу кои и Метропол Оркестар, Милениум Џез Оркестар, Камерниот Оркестар Магого, Концертен Биг Бенд на Амстердамскиот Конзерваториум, Попхорн Биг Бенд, Џезманиа Биг Бенд, Белградска Филхармонија, Џез Оркестар на Сардинија, Барга Џез Оркестар, Џез оркестарот на Концерт Гебау, Амстердамскиот Квартет Саксофони
Меѓу позначајните музички имиња, соработувал со: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Конрад Хервиг, Рони Кјубер, Џино Ванели, Енди Нарел, Сертаб Еренер, Тулу Тирпан, Слободан Тркуља, Хенк ван Твилерт, и многу други




Како гитарист, пијанист и композитор/аранжер учествувал на многу работилници и курсеви, од кои позначајните се: Летната Џез Работилница со Мајкл Абени, Џастин Дичочо, курсот “Компонирање за филм” воден од Јуре Хаанстра и Тон Виера, аранжерската работилница на Џим Мекнили, како и аранжерската работилница со Џон Клејтон и Метропол Оркестарот во Холандија
Во Македонија, Владимир е веќе одамна постојан член на инструменталниот трио состав Tројка со композиторот Александар Пејовски и виолончелистот Драган Гоневски, како и современиот интернационален џез квартет Official Language
Неговите моќни композиции и аранжмани освоиле повеќе интернационални награди, меѓу кои две први награди за оригинални композиции и четири омажи на големите џез-композитори Телониус Монк, Вејн Шортер, Џон Колтрејн и Дејвид Либман (види Награди)
Покрај компонирањето и аранжирањето, тој работел на професионална музичка транскрипција и гравирање
Вклучително со следните уметници: Илија Пејовски (Сојуз на Композиторите на Македонија, Македонската Филхармонија, Јуре Хаанстра, Фред ван Стратен (музички директор на Кралскиот "Каре" Оркестар), Лут ван дер Леј Квартет, Баудевајн Лејувенберг, Флорин и многу други
Како учител (по солфеж, хармонија и аранжирање, џез ансамбли) работел вонредно на Амстердамскиот Конзерваториум во Холандија
Исто така, предавал аранжирање, џез ансамбли и солфеж на џез отсекот на Факултетот за Музичка Уметност во Штип, како и на ESRA, Скопје
Неговата музика често се изведува од светски реномирани ансамбли и музичари во САД, Италија, Холандија, Финска, Македонија, Србија и Турција