Оваа композиција беше изведена со
Pophorn Big Band во Хелсинки, Финска, 2004-та година (концертна турнеја под наслов: “Европска Џез Унија”). Музичарите кои ќе ги чуете на оваа снимка се водени од Велу Халкосалми, голем композитор и аранжер од Финска, еден од соучесниците во Аранжерската Работилница 2003 со Метропол Оркестарот во Хилверсум, Холандија. Само неколку месеци порано, оваа композиција доби
прва награда на фестивалот BargaJazz 2003 во Италија.